Tumgik
#gentlemondayreminder
indog · 7 days
Text
Tumblr media
Првата епизода од #celebratelifepodcast ја објавив на 24 март 2020 година, додека бевме сите дома во изолација. За жал, тоа беше во лош миг, но бев инспириран од пандемијата и потребата да се поттикне дискусија за важноста на свеста за менталното здравје. Го започнав поткастот и имав супер дискусии со разни луѓе. Беше супер инспиративно во моментите кога седевме дома и тоа беше начинот на дружење и комуникација. По враќањето во физичкиот живот, поткастот продолжи и еве не до 100та епизода. Уште ми е убаво да го правам ова, да разговарам со инспиративни луѓе и да ги запознаам од друг агол, и секако да сум во mode да слушам нова музика, но и да се навраќам и на некои заборавени музики и артисти за мене. Немам донатор и спонзор за сите овие сезони. Го правам од љубов и ќеиф, и сакам да го продолжам сето ова. Кој што сака да го поддржи поткастот, има начин и го прави тоа, фала ви ептен, сум благодарен за секој booking, графика и професионално ангажирање.
Во 100та епизода гости ми се Даре - Irie scratch и Трајче - Tactivity од Pandamonium радио, со кои што делиме иста цел: Поквалитетна култура, музика и пристап кон сето тоа. Ќе зборуваме за разни теми, вклучувајќи го искуството на водење на поткаст и колку е битно да се сака она што правите и да се верува во истото. И да ве потсетам: Само нежно кон себе во Понеделник!
Слушај #celebratelifepodcast click here!
Culture matters ya already know that!
0 notes
indog · 21 days
Text
Tumblr media
Како се чувствувате понеделнички наутро?  Чудно? Добро? Изнервирано?  Само нежно кон себе! 💙🤗 #celebratelifepodcast AM шоу
Вклучете се😘
1 note · View note