Tumgik
#водороден погон
automediamk · 2 years
Photo
Tumblr media
Шефот на Toyota возеше Yaris со погон на водород на рели
Најновиот предизвик на Toyota е на светот да му докаже дека во моторите со внатрешно согорување може да се користи водород и на тој начин исто така да се постигне нулта емисија на штетни материи. Шефот Акио Тојода се појави на рели во Белгија, со Toyota Yaris со погон на водород. На деветтата трка во […]
0 notes
automediamk · 2 years
Photo
Tumblr media
Екс-шефот на Opel ќе раководи со марката електрични камиони Nikola
Како што соопшти компанијата Nikola, од 1-ви јануари 2023 година, Лошелер дополнително ја презема и функцијата на извршен директор. Досегашниот извршен директор и претседател на корпорацијата Nikola, Марк Расел, заминува во пензија, но останува во управниот одбор. Лошелер го менаџираше почетокот на сериското производство и испораката на првиот електричен камион на Nikola, којшто се води […]
0 notes
automediamk · 2 years
Photo
Tumblr media
Германска компанија од енергетика нарача 5.000 камиони со погон на водород
Големата енергетска пресвртница веќе се случува. На масовното преоѓање на електрични автомобили и производството на енергија од обновливи извори, сега им се придружува единствен пример од тешкиот транспорт. GP Joule нарача 5.000 тешки камиони со погон на водород од Clean Logistics, специјалист за префрлување камиони на погон со водород. Тоа е најголемиот договор за испорака […]
0 notes
automediamk · 2 years
Photo
Tumblr media
Авион со погон на водород ќе биде реалност во 2025 година
Германската компанија H2Fly наскоро ќе претстави нова изведба на својот авион за тестирање на погон на водород HY4. Авионот моментно користи гасовиден водород којшто се чува во резервоари под висок прити��ок. Со преоѓањето на резервоари со течен водород, досегот на летање ќе се удвои. Има и конкретни најави. По неколку недели, H2Fly ќе претстави верзија […]
0 notes
automediamk · 2 years
Photo
Tumblr media
Водородна електрана од 1 MW дава струја за фабриката на Ferrari
Електраната е изградена од Bloom Energy и пуштена е во работа пред неколку денови. Таа покрива 5% од енергијата што ѝ е потребна на фабриката на Ferrari. Многу повеќе значи тоа што се смалува потрошувачката на горива, а со тоа и емисијата. Во споредба со системите што работат на принципот на когенерација, потрошувачката на гас […]
0 notes
automediamk · 2 years
Photo
Tumblr media
Како европските шампиони ја поттикнуваат продажбата на електрични автомобили
Според бројната состојба на крајот на јули годинава, во 27-те држави на ЕУ се регистрирани вкупно 270 милиони патнички автомобили, од коишто 13,7 милиони користат алтернативно гориво, односно алтернативен погон. Уделот на возилата со батериски електричен погон, со приклучен хибриден погон, водороден погон, автомобили што користат автогас, метан, течен метан, изнесува 4,96 проценти во вкупниот […]
0 notes
automediamk · 2 years
Photo
Tumblr media
Toyota користи три видови горива на трките во Јапонија
Toyota учествува во годинешната тркачка серија Супер Таикју со три возила чиишто мотори користат различни видови горива. Јапонскиот производител на тој начин укажува на реалната можност за производство и користење горива што се СО2-неутрални, додека во исто време преку активното учество во мотоспорот стекнува искуства, што понатаму се користат за сериските модели да бидат подобри […]
2 notes · View notes
automediamk · 3 years
Photo
Tumblr media
Британски GQ го оцени Hyundai Nexo како најдобар алтернативец
Според магазинот, Hyundai „храбро влегува таму каде што претходно влегле само неколку производители“. Британците веруваат дека водородот може да стане „поефикасен и практичен извор на енергија за автомобилите.“ Hyundai Nexo Fuel Cell веќе стартуваше со продажба на британскиот пазар и уште рано го освојува насловот на „Автомобил со алтернативен погон на годината“ во изборот на […]
1 note · View note
automediamk · 4 years
Photo
Tumblr media
Airbus најавува авиони со погон на водород за 2035 година
Најголемиот производител на патнички авиони во светот прикажа три различни замисли за авион со нулта емисија. Секој од концептите на Airbus има различна погонска технологија и различна аеродинамична конфигурација. Заеднички за трите концепти е водородот како главен извор на енергија. Airbus верува дека водородот е совршено гориво за авијацијата, но и за бројни други индустрии, […]
2 notes · View notes
automediamk · 5 years
Photo
Tumblr media
Во овој автобус со погон на водород работи техника од Toyota Mirai
Португалскиот производител на автобуси CaetanoBus го претстави својот прв модел со погон на водород, во когошто работи техника од Toyota Mirai. Секако дека овој автобус е меѓу главните атракции на салонот за автобуси во Брисел, кој се одржува до 23-ти октомври. Во нашите услови на градски сообраќај е важно автобусите да бидат нови, но во…
1 note · View note
automediamk · 3 years
Photo
Tumblr media
Рускa Gazelle вози со погон на водород во Германија
Руската групација GAZ стапи во соработка со компанијата EFA-S од Штутгарт, заради реализација на проект за возила со погон на водород, што се изработени врз основа на Gazelle Next. Два камиони Gazelle Next што користат водород место обично фосилно гориво, од летово се наоѓаат во редовна промена во службата за одржување и изградба на патишта […]
0 notes
automediamk · 3 years
Photo
Tumblr media
Toyota Corolla со погон на водород вози трка викендов
Toyota со тркачката Corolla со водороден погон му прави одлична реклама на овој погон што е неутрален во поглед на емисијата на СО2 и важи како најдобро погонско решение со коешто моментно располага индустријата. Јапонците дополнително користат и водород што е добиен исклучиво со електрична енергија од обновливи извори. Corolla што користи водород како погонско […]
0 notes
automediamk · 3 years
Photo
Tumblr media
Австрија тестира градски автобус со погон на водород
Производител на автобусот е Solaris, полска фабрика што прерасна во специјалист за новите видови погон. Автобусот од типот Urbino 12 hydrogen од пред неколку денови сообраќа низ пределите на Корушка, во австриската покраина што граничи со Словенија, за властите и компаниите да се запознаат со погонот на водород. Автобусот на Solaris беше претставен пред одговорните […]
0 notes
automediamk · 3 years
Photo
Tumblr media
Hyundai и Kia градат фабрика за водороден погон во Кина
Во идната фабрика на Hyundai и Kia во Кина, во почетокот ќе се произведуваат по 6.500 системи со горивни ќелии. Капацитетот понатаму ќе се зголемува, согласно побарувачката. Изградбата се планира да биде завршена во втората половина на 2022 година. Hyundai и Kia одржаа виртуелна цереномија на поставување камен темелник за HTWO Guangzhou, првата фабрика за […]
0 notes
automediamk · 3 years
Photo
Tumblr media
Камион Kenworth без проблеми на Пајкс Пик – со водороден погон од Toyota
Со стрмни нагорнини и повеќе од 150 свијоци, освојувањето на врвот на 4.300 метри надморска висина е предизвик за секој автомобил. За камион од тешка категорија, уште повеќе. Еден типичен американски камион Kenworth се искачи до врвот без проблеми, па дури и без грам штетни материи. Toyota вгради водороден погон во камионот. Kenworth, американскиот специјалист […]
0 notes
automediamk · 4 years
Photo
Tumblr media
Toyota со погон на водород чини 63.900 евра во Германија
Toyota Mirai влегува во втора генерација, а производителот ја зголемува и продукцијата на својот автомобил со погон на водород. Годишно ќе се произведуваат по 30.000 примероци од автомобилот со најсовршениот вид на погон моментно. Досегот не е проблем за овој автомобил, полнењето водород трае исто колку што им е потребно на автомобилите со бензински или […]
0 notes