Македонска филхармонија 1944-1974 - плакат и лого.
Дизајн: Драгутин Аврамовски - Гуте
7 notes
·
View notes
Илустрации за корици за книги на дизајнерот/илустраторот Василие Поповиќ - Цицо
Извори: Facebook група Логомотива и приватна библиотека на Кардула
Василие Поповиќ е роден во Скадар, Црна Гора, а на своја петгодишна возраст се преселува во Скопје, каде што живее сè до крајот на својот живот.Своите сликарски вештини по гимназијата ги усовршува кај тогаш веќе етаблираниот уметник Никола Мартиновски, кому му помагал при изработката на неколку ѕидни слики, меѓу кои и слика за куќата на скопскиот трговец Михајло Шкаперда во 1933 година.Во периодот на почетокот на Втората светска војна и борбата против фашистичка Германија, од април 1941 година, Цицо е во повеќемесечно заробеништво во три концентрациони логори (Либек, Хоенфалс и Нирнберг).[1] Во 1944 година, Цицо е интерниран, овојпат во бугарски логор во Горна Џумаја (денешен Благоевград), но по интервенција на пријатели од Македонија и од Бугарија, тој е ослободен и набргу потоа отишол во партизани. Таму тој се ангажира во Агитпропот на Главниот штаб на НОВ, сместен во селото Горно Врановци. Во овој период изработува цртежи и портрети на личности од неговото опкружување, како и карикатури за првото издание на весникот „Нова Македонија“ и за весникот „Македонка“ на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија.
Извор: Wikipedia
12 notes
·
View notes
#плакат по повод 30 годишнината на Филозофскиот факултет од Скопје - КАРМИНА БУРАНА
Извор: https://www.instagram.com/moniqjv/
4 notes
·
View notes
Прв МАКЕДОНСКИ ПРАВОПИС од 1945 година
Изработен од комисијата за јазик при Министерството за народна просвета
Државно издавачко претпријатие, Скопје, 1945 година.
Линк до целото издание тука
Извор: Архива на Зоран Кардула
Дигитализација: Небојша Гелевски - Бане
9 notes
·
View notes
„Електронски“ платежни „картички“ од пред 30 години! Ова се жетони за плаќање на билет во автобусите на Градски сообраќај - Скопје. Жетоните се купуваа во трафика, кога се менуваше цената на билетот, се менуваше и бојата на жетонот. Жетоните се пуштаа во кутија со прозорче која стоеше кај шоферот (и кондуктерот во хармоника автобусите). Шоферот низ прозорчето гледаше дали е пуштен жетон, а кога сите патници ќе влезеа, со една рачка ги буткаше сите наплатени пари и жетони од таа станица во долниот дел на кутијата. Урбани легенди се дека имаше и „фалсификатори“ на портокалови жетони, кои во касата пуштаа тенко исечен морков со сличен дијаметар :)
Жетоните за сликање ни ги отстапи: Александар Гелевски
18 notes
·
View notes
„Говорот за Македониа“ од Сретен Жујович и Моша Пијаде, во издание на Областниот одбор на Н.О.Ф., 1944 година... #РетроМк Извор: Златко Ангелески
10 notes
·
View notes
Скопје, панорама, околу 1983 година
19 notes
·
View notes
Вардарски бисер
Демир-Капија
Републиканско земјоде��ско стопанство
Етикета од 1947 година
Извор: Димитар Ризов
9 notes
·
View notes
Во продавниците на "Аутомакедонија" секогаш можат да се видат и купат разни видови возила. Реклама од 1957 година.
3 notes
·
View notes
Сингл плочата на Славе Димитров од 1977 година, на која се песните „Каде песно моја“ и „Делфина“.
Извор: Златко Ангелески
2 notes
·
View notes